Подобрената мобилна апликација Telekom MK ви ги нуди сите информации за вашата искористеност на интернет, минути, роаминг и SMS на вашите мобилни броеви, воедно е најдобрата алатка за едноставно и лесно следење на сите ваши услуги на едно место. Дополнително, Telekom MK ви нуди најбрз и најбезбеден начин да ги платите вашите сметки и да надополните припејд ваучер. Управувајте со вашите и услугите на вашите најблиски насекаде во секое време. 1. Едноставно следете ја потрошувачката – Сѐ на почетниот екран. • Проверете во секое време колку минути имате потрошено и колку преостануваат. • Имајте преглед на потрошувачката на мобилен интернет брзо и едноставно. • Следете повеќе додадени услуги: управувајте со услугите на вашите најблиски преку додавање на нивните проеви на вашиот профил. 2. Управувајте со повеќе услуги на едно место • Управувајте со сите услуги со едноставен преглед: разговори, SMS, роаминг, интернет пакети и фиксни услуги. • Управувајте со додадени броеви од вашите најблиски • Додадете нови броеви на вашиот профил едноставно и брзо 3. Имајте преглед на деталите за услугите и активации на дополнителни пакети • Добивајте известување за месечните сметки и нивниот статус • Купете дополнителни пакети за разговори, SMS, роаминг и интернет. 4. Платете ги вашите сметки или сметките на други со внесување на бројот на фактурата или со скенирање на баркодот на хартиената сметка. Платете ги вашите сметки во движење на брз и едноставен начин • Платете повеќе сметки одеднаш • Платете електронски со кредитна или дебитна картичка • Добивајте нотификации за навремено и редовно плаќање на сметките • Проверете ги платените сметки од минатите месеци 5. Дополнување на припејд ваучер • Уживајте во ексклузивните понуди само преку Telekom MK и бидете во тек со останатите понуди • Надополнете го вашиот припејд ваучер или на друг Телеком број • Едноставно активирајте дополнителни пакети